Откорната лимена кровна конструкција од зграда од невремето што попладнево го зафати Охрид оштетила повеќе куќи и возило.
Информацијата ја потврди раководителот на Центарот за управување со кризи од Охрид, Митко Темелкоски, посочувајќи дека за среќа нема поврдени луѓе.
– Имаме дојава за паднат дел од кров на улицата „Лазо Трповски“, кој оштетил неколку соседни пониски објекти. Причинета е материјална штета, за среќа нема повредени, изјави Темелкоски.
Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.
МИА/Видео: Охрид24
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.