еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и се борел за самостојна македонска држава

Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 Степени“ на ТВ Алсат М.

„И еве можеби да излезам надвор од мојот мандат, бидејќи во изминативе неколку недели имав интензивна комуникација со луѓе што се разбираат во таа работа, затоа што јас сум сигурен дека тоа постепено станува политички проблем.

Тврдам дека тоа допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.

Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија“, вели Пендаровски во интервјуто.

Според него, „не постои ниту еден документ што вели дека Гоце Делчев се борел за Голема Бугарија или за Санстефанска Бугарија или изјава во која вели, или став макар, прераскажан од неговите современици, дека Гоце Делечев се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија кон Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?

Бугарскиот премиер Борисов: Македонците треба да созреат за датум за преговори со ЕУ

„Ел Чека“ е Бугар“: Гоце Делчев „главен“ на Твитер

Фото: Пендаровски/Фејсбук/Видео: Алсат М/360 Степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица починаа од корона вирусот, меѓу нив и пациент на 35 години

Редакција

Убава вест: 556 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Вучиќ во Скопје: Верувам дека ќе ги отстраниме шумовите во односите меѓу двете земји

Редакција