еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендиков за БТВ раскажа како се освестил и преку ноќ станал Бугарин

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, кој по претепувањето во Охрид со воен бугарски авион беше пренесен на лекување во Софија, во интервју за бугарската телевизија БТВ меѓудругото објасни и како од Македонец преку ноќ станал Бугарин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Во интервјуто раскажа дека и тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад, но пред неколку години наеднаш се разбудил од заблудата и станал македонски Бугарин.

Пендиков зборуваше и дека во Македонија се учела „лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари“.

“Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“, рече тој, наведувајќи дека „не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија“.

Даде и своја верзија како дошло до тепањето:

„Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, претседателот на клубот, да му кажам што се случило. А потоа излезе Илија и ми го зеде телефонот.

Ми рече: ‘Влези внатре и биди мирен за да нема проблеми’.

Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се случи сѐ“, рече Пендиков.

Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и наведе дека имало тројца напаѓачи.

Рече и дека во Македонија било нормално да те тепаат, пцујат, пукаат, затоа што си Бугарин.

„За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, пукаат, затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави“, рече Пендиков.

Тој наведе и дека мајка му постојано добивала закани.

„Ѝ пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можам безбедно да кажам дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи – не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“, кажа Пендиков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за нападот на Пендиков

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Пендиков не е бугарски државјанин, еден од неговите напаѓачи е

Фото: БТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амди Бајрам почна да собира потписи за кандидатурата за претседател

Редакција

Османи избран за потпретседател на ДУИ, претседателството на партијата доби и тројца нови членови

Редакција

ОН го осуди насилното задушување на протестите во Иран и формира мисија за истрага

Редакција