еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Плоштадот „Аристотел“ во Солун стана илегален бегалски камп

На плоштадот „Аристотел“ во центарот на Солун последниве денови „никна“ илегален бегалски камп, откако група од десетици мигранти се сместија пред зградата на тамошната полициска станица, објави грчкиот весник „Елефтерос типос“.

Весникот наведува дека дел од мигрантите изјавиле дека престојуваат пред станицата на плоштадот бидејќи немаат документи за престој во Грција и чекаат полицијата да ги приведе, за да можат да бидат регистрирани и да започнат процедура за барање азил.

Мигрантите, меѓу кои најголемиот број се по потекло од Ирак, велат дека немаат каде да престојуваат, ниту каде на набават храна.

Извори во полицијата за весникот изјавиле дека не можат да сторат ништо во овој случај, бидејќи мигрантите се во надлежност на Дирекцијата за странци и дека треба да интервенира нејзината канцеларија во Солун.

МИА/видео: Voria gr/фото: protothema.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борел: Во Охрид, Договорот не беше потпишан од правни причини, но е правно обврзувачки

Редакција

Во новиот бугарски Парламент влегуваат шест партии, води Борисов

Редакција

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Редакција