еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Победа над Ковид-19 во Нов Зеланд: Одржан концерт со 50.000 посетители без маски и дистанца

Повеќе од 50.000 посетители се собраа на стадионот „Идн Парк“ во Нов Зеланд за викендов да го проследат настапот на домашниот бенд „Six60“.

На концертот немаше социјално дистанцирање и не се носеа маски, со што оваа земја стана првата во светот во која се одржува концерт од вакви размери откако почна пандемијата од Ковид-19.

Со тоа Нов Зеланд веќе прогласи победа на вирусот, а најзаслужни за неа се власта и граѓаните кои со ригорозна дисциплина успеаа да го исфрлат вирусот.

Имено, станува збор за земја со околу пет милиони жители, а досега од Ковид-19 починаа 26 лица.

Фото/Видео:Facebok/Six60/Youtube/Videokings

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Култниот „Џез Ин“ триесет години го разубавува ноќниот живот во Охрид

Редакција

ЕДС го склучи првиот договор со цени индексирани според Македонската берза за електрична енергија

Редакција

Поскапува мазутот, цените на горивата не се менуваат

Редакција