еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Поради ненадејно екстремно невреме, најмалку 21 жртва за време на ултрамаратон во Кина

Најмалку 21 лице го загубија животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата.

Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони и преку ридови до платото, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

Во текот на попладневните часови, кога тркачите стигнале до планинската делница од трасата, дошло до ненадејна појава на град, леден дожд и силен ветер, што довело до ненадеен и голем пад на температурата, соопштија локалните власти.

Во тек е опсежна операција за спасување на тркачите во која учествуваат 1.200 спасувачи со помош на беспилотни летала и радар за откривање.

Невремето предизвика свлечишта и одрони, што исто така ги попречува спасувачките екипи.

Во трката учествувале 172 тркачи.

МИА/Фото/видео: The Telegraph

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мнозинството граѓани го поддржуваат правото на мирна „Парада на гордоста“ во Скопје

Редакција

Mеморијална хуманитарна крводарителска акција во чест на Мартин Здравковски

Редакција

(ВИДЕО) Падна првиот снег во Македонија, забелеа Маврово и Пелистер

Редакција