Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески го запали „францускиот предлог“ на собраниска говорница.
„После ова ако го изгласате ќе бидете запишани како гробарите на Македонија. Со Преспанскиот Договор го ископавте гробот, а со овој т.н. француски предлог сакате да го затрупате.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени, тоа да му биде јасно на секого. Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас од СДСМ како предавничка и антидржавна партија,“ изјави Јаулески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео/фото: ТВ21
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.