Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржа протест за одбрана на правата на Бугарите во Македонија, на кој најбројни беа симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД.
Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми.
Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на Европската комисија, тој побара итен прекин на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.
Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот европратеник Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата
МИА/Видео/фото: Фејсбук/Џамбаски