еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Првиот човек на Тесла, Илон Маск на интервју во живо запали џоинт, акциите на компанијата паднаа за 7%

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт.

Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери. Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел од САД.

Маск рече дека ретко пуши марихуана и речиси и да не забележува ефект од неа, но е лоша за неговата продуктивност.

Основачот на Тесла веќе подолго време е под лупа на јавноста поради необичните изјави и јавни настапи со кои предизвика повеќе потреси во цената на акциите на неговата компанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од земјотресот во Турција земјената маса поместена за три метри

Редакција

(Видео) Силни експлозии утринава во Киев: Гранатиран станбен блок, две лица загинаа, има и повредени

Редакција

СЗО и Русија разговараат за тестирање на безбедноста и ефикасноста на руската вакцина

Редакција