еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Првото сексуално искуство на Латас предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи

Интервјуто на новинарот Драган Павловиќ – Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров, предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Во интервјуто Латас меѓудругото раскажува како изгубил невиност на 14-години, откако некој негов повозрасен другар, кој бил насилен кон девојките, му „дозволил“ да има однос со неговата девојка, откако тој претходно „завршил работа“.

Токму овој дел од интервјуто (кое може да го видете во видеото погоре) предизвика бројни реакции, а активисти за правата на жените и борба против семејното насилство го обвинија за промоција на насилство и признание за сексуален однос без согласност, а невладини организации, политичари, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државните органи да реагираат.

Реакции на Латас и Лазаров

Се огласи и Латас со објаснување дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација.

– Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола, вели Павловиќ и додава дека тоа може да се види од самото видео, кое го има на Јутјуб.

Реагираше и Лазаров, кој повика да се погледне подкастот во кој Латас во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана.

– Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал, ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род.

Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш, напиша Лазаров на Фејсбук.

Се огласи и Анита Лазарова, мајката на Лазаров, која на Фејсбук со фотографија објави дека ја икинала членската книшка од СДСМ.

-Долго време размислувам да го направам ова, но вечерва навистина ја претеравте само заради тоа што сметате дека од позиција на моќ можете се! За да објавиш вакво нешто само и само заради тоа што не ви се допаѓа гостинот, а притоа да етикетираш млад човек за насилство на жени е многу ама многу примитивно.

Жалам за своите сопартијци со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене збогум. Јас сепак сакам демократија, напиша Лазарова.

Се бара да реагира Јавното обвинителство

Пратеникот Мартин Костовски го повика Јавното обвинителство да го уапси Латас, а регираа и од Форумот на жени на СДСМ.

-Најостро го осудуваме однесувањето на новинарот Латас и јутуберот Лазаров кон жената во општеството. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо и мора да подлежи на сакционирање.

Ваквото понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената мора да биде осудено од сите општествени чинители, и да се испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Ги повикуваме институции во рамките на своите на надлежности да превземат мерки за санкционирање.

Го повикуваме Јавното обвинителство согласно нивните законски овластувања да покрене постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност.

Ги повикуваме новинарските здруженија, Советот за етика во медиуми да го осудат ваквото однесување и да го санкционираат новинарот Латас.

Ги повикуваме спонзорите на Youtube каналот на Стефан Лазаров веднаш да престанат со финансиски поддршка на каналот, во спротивно ќе сметаме дека ја поддржуваат културата на насилство врз жените.

Форумот на жени на СДСМ смета дека секој облик на насилство врз жените е флагрантно кршење на човековите права и затоа бараме веднаш затворање на Youtube каналот. Воедно ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да ни се придружат во оваа иницијатива и да побараат затворање на овој канал, посoчија од Форумот.

Се огласи и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров, каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.

Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно.

Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгlеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.

Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како ‘вистински мажи’ и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки.

На оваа култура мора да ѝ се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство, велат од Хелсиншкиот комитет.

Фото/видео: Јутјуб/Лазаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа нови пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 351

Редакција

Пожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола

Редакција

(Видео) И пратениците порачуваат: Не суди, кој кого љуби

Редакција