Научно-фантастичната драма „Сè, секаде, одеднаш“ освои седум Оскари, за најдобар филм, најдобра женска улога, најдобра режија, најдобра филмска монтажа, најдобро оригинално сценарио, најдобра споредна женска улога и најдобра споредна машка улога.
Michelle Yeoh makes history as the first Asian woman to win the Best Actress Oscar. #Oscars95 https://t.co/35YGivGFhF
— The Academy (@TheAcademy) March 13, 2023
Оскарот за најдобра машка улога отиде во рацете на Брендан Фрејзер за филмот „Кит“, а за најдобра актерка беше прогласена Мишел Јео за филмот „Сè, секаде, одеднаш“. Филмот „Кит“ доби Оскарот и за најдобра шминка и фризура.
Take an exclusive look inside the 95th Oscars. #Oscars95 https://t.co/XpYhERrEGb
— The Academy (@TheAcademy) March 13, 2023
Актерите во филмот „Сè, секаде, одеднаш“, Ке Хуј Куан и Џејми Ли Кертис ги добија Оскарите за најдобри споредни улоги.
Оскарот во категоријата најдобар странски игран филм отиде во рацете на режисерот Едвард Бергер, за филмот „На запад ништо ново“.
Оскарот за најдобар анимиран игран филм, го освои „Пинокио“ на Гиљермо Дел Торо.
Оскарот за најдобар долгометражен документарен филм му припадна на политичкиот документарен филм „Навални“ на режисерот Даниел Рохер.
Оскарот за најдобар краток филм го доби филмот „Irish Goodbye“ во режија на Том Беркли и Рос Вајт.
Филмот „На запад ништо ново“ и кинематограферот Џејмс Френд добија Оскар за најдобра фотографија.
Оскарот во категоријата најдобро адаптирано сценарио ѝ припадна на Сара Поли за филмот „Жените зборуваат“.
Филмот „Црн пантер: Ваканда засекогаш“ и Рут Картер добија Оскар во категоријата најдобар костимограф.
„Шепот на слонови“ на индиската режисерка Картика Гонсалвес доби Оскар за најдобар краток документарен филм.
Во категоријата најдобар краткометражен анимиран филм, Оскар доби филмот „Момчето, кртот, лисицата и коњот“ на режисерот Питер Бајнтон.
Филмот „Аватар: Патот на водата“ на Џејмс Камерон, го доби Оскарот за најдобри визуелни ефекти.
„Top Gun: Maverick“, освои Оскар во категоријата најдобар звук, а за најдобра оригинална песна, „Naatu Naatu“ на Рахул Сиплигуњ и Каал Бајрав од филмот „RRR“.
Фото: Промо/Филмска академија на САД/Твитер/видео: Гардијан