Членови на синдикати, на различни федерации на работниците, на Комунистичката партија, на бројни здруженија, студенти, вработени во јавниот сектор, анархисти… и покрај забраната за движење и предупредувањето од грчката Влада дека не се дозволени протести, поради кризата со коронавирусот и дека тоа е прекршување на законот, сепак денеска во чест на 1.Мај излегоа на различни протести во Солун и Атина, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Пред грчкиот Парламент, Грчкото здружение на музичари ја изведе и култната „Бела Чао„.
На протестите како што отценуваат грчките медиуми, главно се почитувале мерките за превенција од коронавирусот, како носење на маски и држење социјална дистанца.
Дел од учесниците на протестите пак се појавија без заштитна опрема.
Фото/Видео: Thesstoday/Thestival Gr/Πανεργατικό Αγωνιστικό Μέτωπο