еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата за „Телевизија 24“ вели: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Сопственикот на компанијата „Дурмо- турс“, Дурмиш Белули, во интервју за „Телевизија 24“ вели дека морално се чувствува одговорно, затоа што загинатите и повредени патници во автобуската несреќа не еден ден, туку со години патувале со нив.

„Ние од Гостивар со сите се знаеме, жалиме длабоко, потресени сме, едноставно сме во шок“, вели Белули.

Во однос на возачот, со него, по несреќата во контакт стапил одговорно лице на возниот парк. Во моментот на случувањето, тој бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата.

„На повторното прашање дали ја изгубил контролата над автобусот или самиот, одговорот бил дека самиот ја изгубил контролата. Веројатно станува збор за некоја здравствена причина негова, бидејќи автобусот се движел 200 до 300 метри, а нема ни траг на кочење ни една реакција на возачот.

Возачот дента нема пречекорување на работното време. Возачот нема пријавено дека боледува од нешто или здравствена причина дека не треба да работи. Има сертификат, лекарско уверение, возачка дозвола“, вели Белули.

Видео/фото:Телевизија 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потресни видеа снимени неколку минути по трагичната несреќа на патот Скопје-Тетово

Сите детали: Десетмина од повредените во тешка состојба, двајца во критична

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло време до недела, потоа обилни дождови

Редакција

ОБСЕ пушти во употреба нов онлајн ресурс за борба против насилството врз жените

Редакција

(Фото) Бидна и свадбата на екс министерот Николовски, чест му направи и Заев

Редакција