еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Видео) Таткото на 19-годишниот Незир бара помош за синот – бара болница за лекување надвор од државата

19-годишниот Незир Чајани од Скопје пред пет месеци останал неподвижен, пренесува телевизијата ТВ 21.

Тој со своите пријатели отишол на езерото Матка, но за жал, поради висок скок се здобил со повреда од камењата во водата. Го повредил петтиот пршлен, поради што останал неподвижен. Веднаш бил хоспитализиран во Државната болница.

Поради инфекција на крвта, Феми бил принуден синот да го префрли во приватната болница „Филип Втори“.

Таткото на Незир не е во можност да ги покрие сите трошоци за лекување на синот во приватна болница, па затоа бара помош за да може син му да продолжи со потребниот третман.

Таткото Феми вели дека единствената надеж му е помошта од хуманите луѓе. Апел испраќа и до сите оние кои познаваат некој лекар или болница надвор од земјата каде би можел да се излекува неговиот син.

Сите заинтересирани ќе можат да го контактираат на овој телефонски број.

Број за донации на Телеком: 070 143-444

Број за донации на ВИП (А1) 143-482

БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
+ 389/71-434 661

Фото/видео: ТВ21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Редакција

Тригодишната Аника има аутизам и епилепсија, потребни се средства за трансплантација на матични клетки

Редакција

„Со срце за Цобе“: Повик за спас на живот, на Цобе му е потребна нашата помош

Редакција