Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не ги информирала колегите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дека има намера да си поднесе оставка од функцијата, туку тие за овој чин дознале при објавата на оставката на веб-страната на СЈО.
„Денес лично немам стапено во контакт со специјалната јавна обвинителка во однос на оставката. Оставката непосредно пред да биде објавена на нашата веб-страна, би рекла можеби во исто време ни беше соопштена и на нас. Така што не бевме претходно информирани ниту за оставката, ниту за нејзините намери“, изјави денеска на прес-конференција обвинителката Ленче Ристоска од СЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителката Стефанова не стравува дека ќе биде инволвирана во истрагата за „Рекет“
На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13
Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен
Фото: СЈО/Видео: А1он