еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Убава вест: Спасена мечка во Бозовце која заглавила во бачило

По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Јавната установа Национален парк Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на Град Скопје организираше акција за ослободување на животното, информираат од таму.

-Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен.

Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.

Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, велат од таму.

Фото/видео: Национален парк Шар Планина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војската влезе во „Охис“

Редакција

Доколку состојбата со банките беше како што е прикажана во извештајот, тие немаше да ги издржат силните шокови, вели поранешниот гувернер Богов за обвинувањата на Костовски

Редакција

Известувачот за Македонија побара одложување на гласањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент

Редакција