еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Убиец избегал од Идризово, фатен е заедно со друг затвореник на автопатот Пријателство

Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство, информираат од МВР.

-На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот.

Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“.

Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата анализира дали ќе бара продолжување на вонредната состојба

Редакција

Министерот Лога предлага распуштање на Судскиот совет

Редакција

Од Ковид-19 починаа 39 лица, најмногу во Скопје, 10

Редакција