Ураганот „Јанос“ кој вчера ја зафати Грција, остави пустош зад себе. Билансот од невремето е двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици и непроценлива материјална штета.
Двете жртвите како последица од невремето беа пронајдени во областа Тесалија. Без струја останаа острови во Јонско Море, а дел од пругата меѓу Атина и Солун претрпе штета и создаде проблеми во железничкиот сообраќај.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од почетокот на невремето во четвртокот вечерта, заклучно со рано утрово добиле 2.450 повици за помош, а интервенирале во спасување во 619 случаи.
Во регионите погодени од медитеранскиот циклон, по наредба на грчкиот премиер, заминуваат заменици- министрите за внатрешни работи и земјоделство и генералниот секретар за инфраструктура.
МИА/Видео: Mouzaki newes/Фото: Фејсбук