Руската Централната изборна комисија по пребројувањето на 85 отсто од гласачките ливчиња соопшти дека на рефенредумот за уставни измени 78 отсто од избирачите гласале „За“ со што се отвара можноста 67-годишниот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.
Првичните пресметки покажуваат дека на референдумот изглегле 65 отсто од гласачите.
Според досегашниот Устав на Русија, Путин, кој веќе две децении ја води земјата ќе мораше да ја напушти претседателската функција најдоцна до 2024 година.
Фото/Видео: NPR/Youtube/CBS news
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.