Она за што пред извесно време се дебатираше во грчката јавност, дали лежалките по нивните плажи ќе треба да се оградуваат со плексиглас поради пандемијата со коронавирусот, за поголема безбедност на туристите, по примерот на Италија, каде овој начин се тестираше неодамна, станува реалност, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
На грчкиот остров Санторини, една од најмондемските и најскапите туристички дестинации во светот, на плажата Периса, позната по црниот песок и најголемата плажа овде, хотелот „Suites of Gods“ почна со поставување на лежалки заштитени со плексиглас.
Корисниците ќе имаат на располагање и крпи за еднократна употреба и средства за дезинфекција, пишува iefimerida.gr.
Лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.
Персоналот на хотелот пак ќе опслужува со маски и ракавици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот
Фото/видео: iefimerida news