еМагазин
Балкан

(ВИДЕО) Во Истанбул се отвара најголемиот аеродром во светот: Како изгледа

Новиот аеродромот во Истанбул, кој ќе биде најголем во светот, а чии свечено отварање е најавено за денеска е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри.

Во првата етапа се планирани дневно пет слетувања, а исто толку и полетувања. Планирани се внатрешни летови кон Анкара, Измир и Анталија, но и кон Турската Република Северен Кипар и Азербејџан кои ќе бидат први меѓународни летови.

Другите фази од изградбата на аеродромот би требало да бидат завршени до 2023 година.

Аеродромот во финалната верзија ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници.

Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.

Првиот лет е закажан за 31 октомври кон Анкара со авион од типот „Боинг 777“ на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“.

Видео: TRT World/Фото: independent.co.uk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО испраќа дополнителни 700 војници на Косово и подготвува уште еден баталјон

Редакција

(Фото) Откриен идентитетот на таткото кој си ги задави трите деца во Хрватска: Mу се заканува казна затвор од 50 години

Редакција

(Видео) Инцидент пред деца во бугарското Собрание, за малку избегната масовна тепачка

Редакција