еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Слупчане ќе плаќале струја ако сметките биле помали од 3.000 денари

Нови блокади од жителите на липковското село Слупчане за екипите на ЕВН.

Преку месната заедница тие минатата недела доставиле официјално известување до компанијата во кое информираат дека не прифаќаат мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите.

Исто така, бараат да им се простат старите долгови и наместо редовна сметка, врз основа на податоците од струјомерите, да плаќаат месечен паушал од 3.000 денари, без оглед колку струја потрошиле.

Тие денеска не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото блокирајќи го пристапниот пат.

Жителите се противеа на обидот на ЕВН да ги извади броилата од домовите и да ги постави надвор пред куќите, за да може да има контрола врз нив и да спречи злоупотреба на мрежата и крадење струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жители на Слупчане уништија трафостаници и оставија без струја шест села

Видео: TelevisioniNews/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И Прилеп има бугарско здружение, во градот има многу Бугари, вели претседателот

Редакција

Данците повторно први во светот, за спас на планетата – складираат јаглерод диоксид под морето

Редакција

Проф. Трајковски: Ризикот од ново разгорување на ковид-пандемијата се уште не се исклучува, ризикот од смртни случаи се намалува

Редакција