еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Вo Њујорк почна судењето против Ел Чапо кој го водеше најголемиот наркокартел во светот

Под засилени мерки за безбедност, денеска во Њујорк почна судскиот процес против Мексиканецот Хоакин Гусман со прекар Ел Чапо, кој 25 години беше на чело на најголемиот наркокартел во светот и во 2017 година беше екстрадиран во САД, по две бегства во Мексико.

Според американските обвинители, Ел Чапо – кого го викаат „Малиот“ поради неговиот низок раст, е најмоќниот шверцер со дрога по Колумбиецот Пабло Ескобар, кој беше убиен во 1993 година.

Ако 61-годишниот Гусман биде прогласен за виновен, може да добие доживотна казна затвор.

Тој е обвинет дека од 1989 до 2014 година го водел картелот „Синалоа“, кој во САД внесол повеќе од 154 тони кокаин и огромни количини хероин, метамфетамини и марихуана во вредност од 14 милијарди долари.

Денеска зад затворени врати ќе почне изборот на поротници чии имиња ќе се чуваат во тајност и ќе добијат обезбедување, каква што е праксата кога им се суди на опасни криминалци.

По процесот, кој ќе трае околу честири месеци, поротата ќе треба да одлучи дали собраните докази се доволни за Ел Чапо да биде обвинет по 11-те обвиненија против него, вклучувајќи и обвиненија за шверц и продажба на дрога, поседување огнено оружје и перење пари.

Тој се изјасни дека е невин.

Ел Чапо не е обвинет за убиства, но обвинителите тврдат дека постојат докази дека тој нарачал да бидат убиени најмалку 37 лица.

МИА/Фото: abc7chicago.com/CBS New York

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Илир Демири од Алијанса за Албанците, кој е избран за министер за здравство

Редакција

ЈП Водовод и канализација – Скопје склучи договор со “Жикол“ вреден 540,4 илјади евра

Редакција

Мукаетов за „Недељник“: Успехот се мери со квалитетот, но и со солидарноста и со задоволството на луѓето

Редакција