еМагазин
Бизнис

Винарската визба Попова кула лани работела со загуба

Попова кула АД Демир Капија 2021 година ја заврши со негативен финансиски резултат во износ од 197 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

“Групата споредено со истиот период минатата година уште е погодена од ковид пандемијата, но за среќа отворената летна сезона влијаеше на подобрување на резултатите на друштвото.

Групата има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 44.672 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се зголемени за 25.572 илјади денари.

Оперативните расходи се намалени за 2.117 илјади денари, споредбено со истиот период лани“, велат од Попова кула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Винарска Визба Попова Кула со загуба во првите шест месеци

„Корона“ кризата „удри„ врз винарската индустрија: Попова Кула во минус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните најмногу поплаки во банкарскиот сектор имаат за кредитните и дебитните картички

Редакција

Кои се членови на Одборот на директори на Тетекс

Редакција

Управниот одбор на „Скопски пазар“ со позитивен став за понудата за преземање од „ЗСФ КОМ“ и „Современ дом“

Редакција