еМагазин
Image default
Бизнис

Вирусот „њукастел“ откриен кај живина во одгледувалиште во општина Гази Баба

Во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба откриена е болеста „њукастел“.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето.

Вирусот е лабораториски потврден вчера од страна на Факултетот за ветеринарна медицина.

Донесено е решение со кое му се наложува на одгледувалиштето на бројлери да ја уништи живината и да ја повлече и уништи целата дистрибуирана количина месо.

Наложено е и отстранување или спроведување на соодветен третман на секоја супстанција или отпад, храна за животни, шталско ѓубре на фармата, кои може да бидат контаминирани.

„Во одгледувалиштето ќе се спроведе епизотиолошко испитување и утврдување на евентуалната контаминација со овој вирус и на соседните одгледувалишта. Одгледувалиштето, возилата за превоз и опремата, наложено е темелно да се исчистат и дезинфицираат.

Нова живина нема да смее да се внесува пред истекот на 21 ден од спроведувањето на мерките за дезинфекција, односно се додека официјален ветеринар не го прогласи одгледувалиштето за слободно од болеста“, велат од АХВ.

Контрола и мониторирање од страна на официјалните ветеринари ќе се спроведе и во зоната под надзор што ги опфаќа населените места Петровец, Илинден и Кисела Вода, како и во општините Зелениково и Студеничани, кои со ова решение се дефинирани како зона под ограничување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Да не се користат кафематите и апаратите за вода поради опасност од пренесување на корона вирусот

АХВ: Нов случај на африканска свинска чума во Бугарија, да се почитуваат заштитните мерки

Препораки од АХВ: Топлото време ризик од труење со храна и опасност за животните

Фото: old farmers almanac

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојан Стојаноски реизбран за член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје

Редакција

Предлог одлука ОКТА да дели дивиденда

Редакција

М-НАВ доби нов претседател на Надзорниот одбор

Редакција