еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Visa ја претставува ‘Visa Secure’ – нова програма за непречено плаќање и напреднато онлајн искуство

Компанијата Visa, светски лидер во дигитални плаќања, ја претстави Visa Secure (порано позната како Verified by Visa), напредната програма за зголемување на безбедноста на онлајн плаќањата.

Visa Secure е осмислена на начин што обезбедува поголема заштита од измами, максимално ја олеснува постапката за плаќање и го зголемува процентот на извршени купувања, нудејќи подобро искуство на сите учесници.

Visa Secure ја користи најновата спецификација EMV 3-D Secure (3DS), прифатена на ниво на сите активности како протокол за размена на пораки, со цел полесна автентикација на купувачот.

Оваа спецификација им овозможува на купувачите да го потврдат својот идентитет кај банката или кој било друг емитент, при е-трговија или онлајн плаќања без присуство на платежна картичка (CNP).

Дополнителниот безбедносен слој помага во спречување на неавторизирани CNP трансакции, како и заштита на трговецот од CNP измами.

„Visa веќе 20 години им помага на онлајн трговците и емитентите да ги идентификуваат потенцијално измамничките трансакции со помош на стандардот 3DS. Е-трговијата е во пораст во Македонија.[1]

Купувачите очекуваат да бидат непрекинато поврзани преку своите мобилни уреди, како и трговците да им обезбедат сигурно и непречено искуство при плаќање.

Тука на сцената настапува новата програма Visa Secure, која на емитентите и трговците им нуди подобрување на можностите за откривање на измами при е-трговија, а на корисниците на картички, полесна постапка при плаќање“, кажа Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

Visa Secure на трговците им нуди напредната заштита од измами, со кое на емитентите доставува и до десет пати повеќе податоци, со цел подобра анализа на ризикот и напредно носење одлуки.

На тој начин и трговците и емитентите полесно и поефективно ги откриваат и избегнуваат измамите. Купувачите добиваат и предност на поелегантно и доследно корисничко искуство при подеднакво безбедно плаќање, по пат на многубројни канали, како мобилен телефон, апликации и дигитален новчаник.

Оваа програма, која е достапна ширум регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA), подразбира низа правила и политики кон кои треба да се придржуваат трговците и банките емитенти, со цел да се изврши автентикација на трансакцијата за е-трговија и да се потврди идентитетот на корисникот пред одобрувањето на трансакцијата.

Visa Inc. е светски лидер во дигиталните плаќања. Нашата мисија е да го поврземе светот преку најиновативната, најсигурната и безбедна платежна мрежа – овозможувајќи им на поединците, деловните субјекти и економиите да се развиваат.

Нашата глобална напредна мрежа за обработка на плаќања, VisaNet, овозможува безбедни и сигурни плаќања низ целиот свет и е способна да управува со повеќе од 65.000 трансакциски пораки во секунда.

Константниот фокус на компанијата кон иновации е катализатор за брзиот развој на дигиталната трговија на било кој уред, за секого, насекаде. Како што светот се движи од аналогно кон дигитално, Visa, со помош на својот бренд, производи, луѓе, мрежа и обем, тежнее да ја преобликува иднината на трговијата.

Дополнителни информации се достапни на visasoutheasteurope.com, visasoutheasteurope.com и facebook.com.

EMV® е регистрирана трговска марка во САД и во други земји и нерегистрирана трговска марка на други места. EMV е во сопственост на компанијата EMVCo, LLC.

[1] Базирано според податоци на компанијата Visa за 2019. година.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спектакуларната опера „Трубадур” во рамките на 52. издание на Мајски оперски вечери

Редакција

Борче Стаменов „Донирај компјутер“ е еден од добитниците на наградата „7 Септември“ на Општина Кавадарци

Редакција

(Фото) За 8.800 евра, најбараниот автомобил MItsubishi Space Star достапен и во Македонија

Редакција