еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вистински кујнски помошник – колку минути заштедува машината за садови?

Сите сакаме да имаме повеќе слободно време за семејството и најблиските пријатели, па затоа постојано бараме начини како можеме подобро да се организираме. Понекогаш, подготовката на јадења и одредени специјалитети одзема многу време, но најздодевното нешто во кујната е миењето садови по ручек или вечера со пријатели.

Готвењето храна е од суштинско значење, но полесен начин на чистење на валканите садови е дефинитивно добредојдено. Но погодноста е само една од причините зошто треба да поседувате машина за миење садови. Најдобра придобивка на квалитетна машина за садови е тоа што не морате воопшто да ги миете садовите, туку само да ги наредите во машината и таа ќе ги измие за вас!

Времето што е потребно да се стават садовите во машина за миење садови и да се стисне на копчето Старт е многу помало во споредба со поединечно рачно миење и плакнење на секоја чинија, чаша, вилушка и нож. Машината овозможува повеќе слободно време за дружење со семејството и пријателите или едноставно повеќе време да го правите она што сакате.

Машината за миење садови може да направи многу за вас, секако покрај миењето на садовите. Со поседување на таков апарат во домот, секое домаќинство добива значајна заштеда на време, односно според одредени истражувања заклучено е дека секое лице кое редовно мие садови, со користење на машина за садови постои можност да заштеди дури до 200 часа слободно време годишно.

Исто така за оние кои го ценат своето време и здравје, економичното користење на ресурсите е добредојдено, а машината за миење садови е секако неопходен елемент во кујната.
Брендот Favorit Electronics во својата богата палета на производи нуди и машини за перење на садови кои ги поседуваат сите потребни перформанси кои треба да ги поседува една квалитетна машина за садови.

Моделите MS 3000, MS 3000 INOX, MS 5000 и MS 7000 се од енергетска класа А++ – една од енергетските класи кои носaт најголеми заштеди на електрична енергија. Моделите MS 3000 и MS 3000 INOX имаат по 6 програми, а максималниот капацитет на овие апарати е до 10 сета садови, додека пак MS 5000 има 4 програми со максимален капацитет до 12 сета садови, а моделот MS 7000 е со 7 програми и капацитет од 12 сета садови.

Важни карактеристики за овие модели на машини за садови од Favorit е тоа што сите имаат заштита од поплава и можност за брза програма од 30 минути на 40 °C.

Многу важно за секое домаќинство е апаратите кои се користат во домот, да носат заштеди при нивното користење. Favorit Electronics при производство на своите производи посветува посебно внимание сите производи да имаат енергетска заштеда. Во согласност со тоа, моделите на машини за садови, MS 3000 и MS 3000, имаат енергетска потрошувачка од 0,73 KWh, а машините за садови MS 5000 и MS 7000 се со енергетска потрошувачка од 0,90 KWh.

Исто така, според совети од официјални институции за потрошувачка на вода, не е точно мислењето дека ако се користи машина за садови се троши повеќе вода доколку се мијат рачно, но секако е точно дека доколку машината е полупразна, таа троши иста количина на вода и струја како и кога е полна.

Затоа доколку можете, секогаш пред да ја вклучите машината за садови, наполнете ја истата максимално согласно внатрешниот простор – истото е навистина паметна и енергетски-ефикасна одлука, а воедно придонесувате кон заштита на природата со паметна и организирана потрошувачка на водата во домот.

Купување на енергетски ефикасна машина може на почеток да изгледа како голема инвестиција, но заштедите кои ќе ви ги донесе се големи – од заштеда на електрична енергија, вода, сè до заштеда на драгоценото време.

За подетални информации во врска со моделите и карактеристиките на машините за садови на Favorit, посетете ја веб страницата на Favorit Electronics.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати

Редакција

Продолжува трендот на намалување на бројот на ученици

Редакција

Времето денеска сончево и многу топло, со температури до 41 степени

Редакција