еМагазин
Image default
Бизнис

Виталиа ja освојува Африка – на ред Нигерија и Гана

Производите на Виталиа го најдоа патот до Африка, информираат од компанијата.

Оваа недела Виталиа ги направи своите први испораки до Нигерија, а веќе од следната недела производите на оваа македонска компанија за здрава храна ќе бидат извезувани и во Гана.

Наскоро, луѓето во овие земји ќе можат да ја пронајдат здравата и вкусна храна од Виталиа на полиците во нивните локални маркети.

Разновидното портфолио, прифатливите цени и глобално признатиот квалитет ги препорачаа производите на Виталиа, која од година во година успева да ја прошири својата мрежа во повеќе земји ширум светот, посочуваат од компанијата.

Виталиа во овие две земји ќе се претстави практично со целиот свој асортиман на производи.

Нигерискиот пазар покажа огромен интерес за функционалната линија на Виталиа, односно протеинската, безглутенската линија и производите без додаден шеќер. Во Гана, пак, најголемата побарувачка е за core производите на Виталиа, како кранчи муслите, сировите барови, гранола баровите, чаевите и слично.

Нигерија е позната како најразвиената и најголема економија, не само во Западна Африка, туку и на целиот континент. Оваа земја има популација од 206 милиони жители и е дом на втората најголема филмска индустрија во светот, веднаш зад американската.

Гана, пак, ја има најбрзо растечката економија во Африка, но и население од 31 милион жители чии животни навики забрзано се менуваат. Побарувачката за иновативна и вкусна, но пред се’ здрава храна, во овие земји ќе биде одговорена со новата понуда на производи на Виталиа, почнувајќи веќе од оваа недела.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија и еден од најголемите извозници надвор од земјата, со дистрибутивна мрежа која постојано се шири. Минатата година Виталиа за првпат се претстави во Јапонија, а оваа година за првпат учествува и на африканскиот пазар.

Целта на компанијата е да создаде производи за модерниот човек кој сака да се храни здраво, да ужива во полните, разновидни вкусови и притоа да го направи својот живот поквалитетен преку консумирање на она што е добро за него. Производите на Виталиа се наменети за различни генерации и целни групи, со цени адаптирани и достапни на просечниот купувач, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Ситко Антонио“, Владимир Пецовски и членови на Управниот и Надзорниот одбор купија акции во Реплек

Редакција

Ново поскапување на горивата: Бензинот и дизелот стигнаа до 90,5 денари

Редакција

Обвинувањата против нас се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината, велат од Усје

Редакција