еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка ја зголеми добивката во третото тримесечије

Витаминка АД Прилеп за периодот јануари – септември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2023 година изнесуваат 2,458,227 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат незначителен пад од 14%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година се помали за 14%.

Остварените единечни вкупни расходи во деветмесечието од 2023 година изнесуваат 2,327,814 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат намалување од 23%.

Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во деветмесечието од 2023 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 22,907 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 15%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 45 години од создавањето на „Стоби флипс“ на Витаминка

Витаминка со намалена добивка во првото полугодие

Витаминка откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките за раздалеченост додека се реорганизираат

Редакција

„Македонски телеком“ и „Оне.Вип“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Макпетрол: Намалени цените на природниот гас и на метанот за мај

Редакција