ПИ „Витаминка“ АД Прилеп се стекна со 115 сопствени акции со откуп на 28.04.2021 година, согласно Одлуката на Собрание на акционери донесена на седницата одржана на 17.06.2020 година, што претставува 0,15% од вкупниот број на акции од издавачот “Витаминка“, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Вкупниот број на сопствени акции кои ги поседува друштвото се 2.165, што претставува 2,82% од вкупниот број на акции од издавачот „Витаминка““, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најголемите акционери во „Витаминка“?
„Витаминка“ оствари добивка од 12,4 милиони денари во првите три месеци од годинава
Фото: Витаминка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.