еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

„Виз ер“ објавува дека, базирано на документот „Arrangement on Reallocation of Responsibility“ кој беше потпишан денес помеѓу Агенцијата за авио-безбедност на ЕУ („EASA”) и Директоратот за цивилна авијација на Малта („CAD”) има намера да испрати барање за нашата подружница во Малта да добие „Air Operator’s Certificate” (“AOC”) од EASA и лиценца за работа од CAD.

Во зависност од потврдата за своите AOC и OL од EASA и CAD, Wizz Air Malta може да започне со работа во октомври 2022 година со авиони регистрирани во Малта.

„Со задоволство ја објавуваме нашата намера да основаме нова авио подружница во Малта. Wizz Air постојано проценувајќи ја структурата на својот бизнис, ги истражува опциите за воспоставување нови AOC и бази во Европа и пошироко.

Успешното основање на Wizz Air Malta подоцна оваа година ќе помогне да се зајакне нашата силна позиција и да се поддржат нашите планови за проширување во Европа. Со нетрпение очекуваме да работиме со EASA и Малтешката Управа за Цивилно Воздухопловство за да го забрзаме ова брање,“ изјави главниот извршен директор на Wizz Air, József Váradi.

Patrick Ky, извршен директор на EASA, изјави дека ова ќе биде нов чекор во веќе добро воспоставената соработка помеѓу Агенцијата, Управата за цивилно воздухопловство на Малта и Wizz Air.

„Оваа нова поставеност, каде што една група ќе управува со повеќе AOC со седиште во различни земји-членки, но надгледувана од истиот надлежен орган, ги демонстрира достапните можности преку пренесување на одговорностите на EASA. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно на издавањето на овој сосема нов AOC и последователните активности за надзор,“ додаде тој.

Капетан Charles Pace, генерален директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство Малта, изјави дека чест е да се има Wizz Air како една од авиокомпаниите што ја избира Малта како едно од нивните главни деловни места.

„Тимскиот напор и пристапот на CAD уште еднаш се покажа како победничка формула. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на извршниот директор и одборот на Wizz Air за нивната доверба и со нетрпение очекувам да работам со EASA и Wizz Air во издавањето на AOC и AOL,” додаде Pace.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Авионот од Атина свечено пречекан и на скопскиот аеродром: Топло добредојде за Aegean Airlines

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на горива вреден 103.000 евра

Редакција

Македонија не е меѓу нив: Кои десет земји се пласираа во финалето на Евровизија од втората полуфинална вечер

Редакција