Доколку сакате да купите карта за лет на Виз ер од Скопје до Барселона во ноември или декември, нема да можете да го направите тоа.
Од компанијата ќе Ви одговорат дека летови до Барселона ќе има до 26 октомври.
Виз ер беше единствената компанија која се пријави на огласот за субенционирање на авиокомпании од државата. Министерството за транспорт и врски пред неколку дена соопшти дека постапката е поништена и дека ќе има нов оглас.
Во меѓувреме, Виз ер, која користеше државни субвенции, промовираше три нови дестинации од аеродромот во Приштина.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.