еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

„Виз ер“ прославува 11 години на македонскиот пазар: Превезени над девет милиони патници и во моментов со 36 линии

Со рекорден број од над девет милиони превезени патници од почетокот на работењето во земјата во 2011 година, проширена мрежа на линии во 2022 година и зголемена фреквенција на 15 линии од Скопје за следното лето, „Виз ер“ ја докажува својата посветеност на локалната економија преку овозможување достапни поврзувањa, зголемување на туристичкиот сообраќај и отворање нови работни места, велат од компанијата.

Годинава, „Виз ер“ ја лансираше новата линија од Меѓународниот аеродром „Скопје“ до италијанскиот град Болоња.

Авиокомпанијата ја зголеми и фреквенцијата на 15 линии од Скопје до Германија, Холандија, Франција, Белгија, Словачка, Шведска и Италија за летото 2023 година, нудејќи дополнителни 210.000 седишта на македонскиот пазар следната година.

Во моментов, со 30 линии од Скопје и шест линии од Охрид, „Виз ер“ е водечка авиокомпанија во Македонија.

„Заедно со проширувањето на мрежата на рути и нудење повеќе опции за патување, „Виз ер“ исто така континуирано регрутира во Македонија и поддржува локални работни места.

Над 160 директно вработени како кабински екипаж и пилоти авиокомпанијата и околу 700 индиректни локални работни места беа поддржани поради работењето на „Виз ер“ во Македонија во 2022 година.

Следниот настан за регрутирање е закажан во Скопје на 26 јануари 2023 година, а повеќе настани ќе бидат објавени следната година,“ се додава во соопштението.

Evelin Jeckel, вршителка на должноста директор за мрежа во „Виз ер“, изјави дека се горди на бројот на патници, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува целата туристичка индустрија.

„Без разлика дали нашите патници одат на зимски или летен одмор, службено патување или едноставно ги посетуваат пријателите и семејството во странство, ја имаме најдобрата рута која обезбедува леснотија на патување по најдобра цена на пазарот.

Со нови летови до Болоња оваа година и дополнителни 210.000 седишта на 15 линии од Скопје, вклучувајќи ги и летовите за Германија, за следното лето, „Виз ер“ оперира со 36 линии до и од Македонија низ Европа.

Сакаме да им се заблагодариме на нашите лојални клиенти што продолжија да го избираат „Виз ер“ за неговите ниски цени, разновидна мрежа на рути, одлична услуга во авионот и ултра-ефикасни авиони,” додаде Jeckel.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„КАМ маркет“: „Ограничете го купувањето на неделни количини, бидете солидарни“

Редакција

Какви надлежности има Бирото за јавна безбедност кое доби нов директор

Редакција

Нови 524 случаи на Ковид-19 од 3.126 тестирања, бројката на активни е 8.271

Редакција