Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на Ковид-19.
По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.259.
Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 422, Куманово – 342, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –126, Тетово – 62, Струга – 55, Велес – 62, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1.
“Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку Институтот за јавно здравје –417, преку Ветеринарен факулет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31.
Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 51-годишен пациент од корона вирусот кој од 9 април бил во тешка состојба