еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.694 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 20 случаи, половината од Скопје

Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона вирусот во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 579, активни 129, Куманово – 410, активни 46, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –184, активни 56, Тетово – 121, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 109, активни 50, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1

“Направените 309 теста се преку: Институт за јавно здравје (ИЈЗ) –161, Ветеринарен факултет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.

Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 95

Убава вест: Оздравени 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.229

Денеска почна таргетираниот скрининг со ПСР тестови: Први се тестираат вработените во градинките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-галерија) Вонземско доживување: Како се славеше Велигден во Бигорскиот манастир

Редакција

(ВИДЕО) “Јас сум Зоран Заев од село Муртино, некои ме викаат зајче”: Премиерот вицкаст

Редакција

Утре почнува грејната сезона, последен апел до потрошувачите за проверка на грејните тела

Редакција