еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

Во периодот од 11 март до 31 мај годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени лица, за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување, информираат од  Агенција за вработување.

„Од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени поради престанок на работниот однос,  5.703 лица (47,9%) се поради истек на договор за вработување на определено време, 3.082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1.112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.)“, соопшти Агенцијата за вработување.

Најголем дел од работниците на кои им е прекинат работен однос 4.230 лица или 35,5% се од преработувачката индустрија, потоа од дејноста трговија на големо и трговија на мало 2.324 лица или 19,5%, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна 1.432 лица или 12%.

Од лицата кои останале без работа 6.961 (58,5%) се со непотполно средно и завршено средно образование, 3.128 лица (26,3%) се  без образование и со основно образование, а 1.815 (15,2%) лица се со вишо и високо образование.

Најголем дел од новите невработени се на возраст од 30 – 49 години (5.729 лица или 48,1%), на возраст до 29 години се 3.276 лица (27,5%), а на возраст над 50 години се 2.899 лица (24,4%).

Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март – мај 2020 година бележи зголемување за 12.297 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот гасне работни места: Зголемен бројот на невработени лица

Анкета на Стопанската комора: Отпуштања најавиле 13 отсто од компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јули секое домаќинство и фирма ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Редакција

(Видео) Калиопи сними дует со Жељко Самарџиќ

Редакција

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови  

Редакција