еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.539: Нови 13 случаи на заболени од коронавирусот

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1, информираат од Министерството за здравство.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 402, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –162, Тетово – 93, Струга – 67, Велес – 86, Битола –20, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

“Направените 292 теста се преку: Институтот за јавно здравје –170, Ветеринарен факултет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -12 и МАНУ -24.

Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е 1 пациент, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште двајца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 88

Убава вест: Оздравени од коронавирусот уште 44 пациенти, вкупно 1.057

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: Возраста и коморбидитетите имаат сериозно влијание за исходот во лекувањето од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под нулата во среда и четврток, за Велигден потопло и променливо време

Редакција

(Видео) Протест пред Собранието, Мицкоски исвиркан од страна на демонстрантите

Редакција

МВР со детали за сообраќајката кај Струмица во која загина 47-годишен маж

Редакција