еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Нема зголемување на плати на вицепремиери

Со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на Република Македонија. Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата, соопштија од владината прес- служба.

Имено, се посочува, со Законот за Влада е предвидено претседателот на Владата од редот на министри да именува заменици кои го заменуваат во негово отсуство, а нивната плата треба да се утврдува со коефициенти утврдени со Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија.

„Во изминатиот период Законот за плата во однос на називот на функциите не е усогласен со Законот за Влада, поради што Уставниот суд ја укина одредбата на Законот за плата во делот на потпретседател, затоа што не е усогласен со Законот за Влада.

Во вакви услови се создаде пречка за пресметка и исплата на платата на замениците на претседателот.

Со измени на Законот за плата се изврши терминолошко усогласување поради Одлуката на Уставен суд, поради што платите на заменик на претседател не се зголемуваат, туку наместо да се исплатуваат како на останатите министри, истите ќе се исплаќаат со ист коефициент“, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Редакција

Ќе има ли двотретинско мнозинство: Уставните измени во рацете на Беса

Редакција

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 6 лица, најмладиот 53-годишна возраст

Редакција