еМагазин
Image default
Бизнис

Владата донесе антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор

Владата вечерва усвои антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор.

Сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и најдоцна до 21 март да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.

Од владината прес-служба информираат дека мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.

Буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила, а ќе треба да го намалат и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост се задолжени да ги намалат тековните расходи за 15 проценти и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена.

Согласно оваа мерка, јавните претпријатија основани од државата и АД во државна сопственост треба ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и да ја информираат Владата во рок од 15 дена.

На регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините им се препорачува да ги следат донесените владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.

– Буџетските корисници и единките корисници со овие мерки се задолжени до крајот на 2022 година, а на општините, јавните претпријатија, регулаторните тела, АД во државна сопственост и останатите субјекти во јавен сектор им се препорачува да ги почитуваат донесените антикризни мерки и да се воздржат од помалку суштинските расходи, се наведува во соопштението од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го потпиша договорот за заем на 500 милиони евра од унгарската Експорт-импорт банка

Редакција

Ребалансот на Буџетот до крајот на мај во Собранието, најавува Ковачевски

Редакција

Струмичко „Единство“ Берзата го стави на „Листата за набљудување”

Редакција