еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ќе го доработува Законот за легализација на дивоградбите, откако Пендаровски не го потпиша указот

Владата на седница ја отвори дебатата за утврдување насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

„Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение.

Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните,“ соопштуваат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски не го потпиша указот за законот за легализација на дивоградби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица, 10 илјади тони домашна не е откупена

Редакција

Вработување во Владата, плата 21.010 денари

Редакција

Најудобните душеци за спиење во своето јадро ја имаат специјалната јаглеродна жица произведена во „Брако“од Велес

Редакција