еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Владата „ќе се бори“ против загадувањето на воздухот со 1,5 милиони евра

Владата на Република Македонија на денешната 103-та седница донесе одлука со која обезбедува првични 98 милиони денари или околу 1,5 милиони евра во борбата против загадувањето на воздухот, кое станува стратешки приоритет на Владата.

„Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

На 103-тата седница, како што информираат, Владата го разгледала и предлог планот и мерките за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во рамките на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.

За таа цел, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Редакција

80,7 од починатите од Ковид-19 со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Поднесено Обвинение за лицето кое ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

Редакција