еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Владата издвои 6 милиони денари помош за Грција

Владата на Република Македонија денеска донесе одлука да издвои шест милиони денари како интервентна помош која ја става на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите.

„Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за големите загуби и жртви од катастрофалните пожари во Грција, во околината на Атина.

Изразуваме сочувство до пријателскиот грчки народ и длабока жалост за загубените животи до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели.

Со одлука на Владата на Република Македонија денеска издвоивме 6 милиони денари како интервентна помош која ја ставаме на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите.

Дополнително, Владата донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе ја договориме како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

Остануваме и со мислите во борбата против огнената стихија со која се соочува Република Грција“, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

Фото: Greek reporter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По сообраќајна несреќа на територија на Грција, тамошните повредени помош добиле преку струмичкиот 112

Редакција

Филипче на видео-конференција со колегите од регионот: Договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите

Редакција

Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10

Редакција