еМагазин
Image default
Бизнис

Владата на вечерашната седница разгледува замрзнување на цените на основните производи

Министерот за економија, Крешник Бектеши, при посетата на КАМ изјави дека Владата ќе се погрижи за да нема ценовни шокови и оти ќе се преземат соодветни мерки согласно Законот за трговија.

„Како Министерство за економија имаме можност да предложиме замрзнување на цените на основните производи, а Владата да донесе таква одлука. Тоа е една од опциите што ќе се разгледа на вечерашната седница на Владата и јас сум убеден дека ќе биде прифатена,“ посочи Бектеши.

Прецизира дека како Влада не може многу да влијаат на цената на увозните производи, но, како што нагласи, секако може да се влијае на висината на давачките што се плаќаат за нив во нашата држава. Додаде дека има неколку варијанти да се интервенира доколку има големо зголемување на цените на увозните производи.

Бектеши најави дека ќе се преземат мерки и за помош на стопанствениците за да не ги отпуштаат вработените, особено во секторите туризам и транспорт каде има драстично намалување на работата.

„На вечерашната седница на Владата ќе ги разгледаме и сите предложени мерки од надлежните институции за помош на стопанството, а утре ќе соопштиме какви конкретни мерки ќе преземеме за да му излеземе во пресрет на стопанството,“ рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Се затвораат сите гранични премини

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати

Редакција

Макошпед со добивка во третото тримесечије

Редакција

„Добитници“ и „губитници“ на Македонската берза во февруари

Редакција