Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата и аргументираните барања даваат резултати, истакнува Сојузот на синдикати во соопштението кое уследи по објавата на Владата дека се изменети двете уредби кои во изминатите денови наидоа на жестоки реакции од страна на синдикалните организации.
– Првомајска победа на ССМ. Стоп за можноста за отпуштање на работници. Ги враќаме назад отпуштените работници од почетокот на кризата, пишува во соопштението од ССМ.
Во него се наведува дека со донесените измени се гарантираат работните места во услови на криза, се обезбедува заштита на работничките права и достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос.
– По предлог на ССМ и синдикатите на денешната седница Владата донесе дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба со која се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигрување со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период, вели ССМ во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горчлива првомајска честитка за работниците: Нови услови за помош или за отпуштања
Фото: Влада