еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Владата подготвена да расправа за декриминализација на марихуаната со измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци

Пред извесен период премиерот Зоран Заев повторно повика на дебата за декриминализација на марихуаната во Македонија.

Од Владата за еМагазин, велат дека се подготвени веднаш да разговараат суштински за решенија за декриминализација и депенализација, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци.

„Потребно е да има широка и стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела, но и граѓаните.

Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како тоа ќе се контролира и изведе. Ова е процес во кој неопходен е ставот на граѓаните“, велат од Владата, од каде потсетуваат дека од нивна страна веќе е предложено донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги, кои ќе овозможат извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места.

Во Македонија марихуана може да се одгледува марихуана само за медицински цели, процес кој е строго регулиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Најмногу фирми за одгледување медицинска марихуана има во Струмица и Скопје

ШТО СЕ БАРААТ ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

Неодамна повторно итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба побараа повеќе граѓански здруженија.

Тие посочија дека со забрана за користење на канабисот се кршат човекови права и токму затоа потребна е измена и дополнување на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Освен декриминализација за лична употреба, здруженијата Зелена Алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права бараат да се овозможи и основање и работење на социјални клубови.

Исто така, и да се зголеми бројот на здравствените состојби за кои може да се користат препарати од канабис согласно медицината базирана на докази, да се дозволи лекари освен од јавното и од приватното здравство да препишат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба.

Важно е, според здруженијата, во Агенцијата за канабис да има независно тело-комисија составено од претставници на граѓанскиот сектор.

Бараат и да се предвиди во Законот за контрола на опојни дроги формирање на Фонд од давачките кои правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат согласно овој закон да се прецизира процент од средствата од овој фонд кој ќе биде наменет за програми за маргинализирани групи и лекување на разни болести.

Според Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини доколку не се дозволи декриминализација на канабисот во државата, се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото

„Едно од клучните причини зошто е неопходно да се случи декриминализација на личната употреба и поседување за лична употреба на канабис во државата е затоа што во спротивно се прави голема неправда и е спротивно на принципот на владеење на правото, една група на луѓе која има доволно средства истото да го призведува, да го извезува, да го увезува и да прави профит од тоа, а друга група на луѓе за истото нешто да оди во затвор“, вели Дрндаревска.

Според неа, луѓето кои најмногу страдаат од овој модел на криминализација се луѓе кои имаат канабис за лична употреба и многу често истите се осудувани преку злоупотреба, полициска бруталност но и преку прекршување на нивните права во полициска постапка.

Кај нас, вели таа марихуаната не е криминализирана во закон, туку во практиката на полицијата.

„Многу често станува збор за млади луѓе кои се студенти, употребуваат канабис за лична употреба, тие не се дилери, замислете целиот кривично правен систем се покренува за некоја минорна количина од 0,2 отсто.

За еден џоинт или цигара ќе се организира цела машинерија од МВР, а потоа судот и затвор за да осуди дете кое што запалило една цигара канабис, а од друга страна канабисот се произведува.

Ова е недозволиво и не е фер. Неправедно е на деца кои употребуваат канабис за лична употреба да добијат кривични санкции нивните можности во животот да им се уништат“, вели Дрндаревска.

И здружението БИЛКА пред неколку дена побара декриминализација на канабисот преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик со законско детерминирање на количина за лична употреба од педесет грама, како и бришење на кривичната евиденција на уживатели на канабис судени за „намера за продажбa“.

„Легализација на канабис како нормален тек по декриминализација. Дозволено одгледување на до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне и три растенија за рекреативни цели. Задолжителна регистрација при државно тело“, посочија од здружението.

Тие бараат и итна измена на Правилникот на Министерство за здравство со проширување на листата на области каде може да се препише канабис, која според нив „заглави“ на четири (канцер, мултиплекс склероза, епилепсија и ХИВ).

„Измена на истиот Правилник во насока на дозвола на препишување канабис и од страна на приватни лекари. За нас е нејасно како хирург во приватна болница може да оперира отворено срце, а не може да препише канабис“, велат од БИЛКА.

Бараат и воведување на услов за секе правно лице да добие лиценца да мора 10% од производите да ги пласира на македонскиот пазар. Иако максимално го подржуваат развојот на бизнис секторот, сметаат дека е недопустливо како држава да овозможуваме ваков бизнис, а целосниот пласман да оди надвор.

„Која е тогаш поентата и што фајде имаат граѓаните од легализацијата во медицински цели?„, посочија од здружението.

Исто така, бараат носење на Закон за канабис како lex specialis со кој ќе се инкорпорираат бројните области кои го тангитраат канабисот, пациентите и уживателите.

„Основање на посебна Агенција за канабис или засебно одделение при МАЛМЕД. Оригинална идеја на ‘БИЛКА’ од самото основање. Основање на Институт за канабис при Земјоделскиот факултет на УКИМ, преку измени во Законот за високо образование. Оригинална идеја на ‘БИЛКА’ и пар професори од Земјоделски факултет“, посочија од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓански здруженија бараат декриминализација на канабисот во државата

NYSK Holdings инвестира 16 милиони евра во нова фабрика за одгледување на канабис за медицински цели и за производи на база на канабиноиди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО, ја одбележа десетогодишнината од своето основање

Редакција

„Неправда, па тоа е неправда“: Најниска плата од 450 евра, побараа работниците на денешниот протест

Редакција

(Фото) Штип „претесен“ да ги собере сите кои сакаа да уживаат во вкусот на пастрмајлиите, успешно заврши годинешната „Пастрмалијада“

Редакција