еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на јужната и северната граница

Владата денеска на седница донесе oдлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на земјава заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ нашата територија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на Ковид-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.

„Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измените на Кривичниот законик пречка за борбата против корупцијата во Македонија, земјата рангирана на 76. место на листата на „Транспаренси интернешнл“

Редакција

Која е Сања Лукаревска, која останува заменик претседател на СДСМ

Редакција

Во нуклеарна војна меѓу Русија и САД би можеле да загинат над пет милијарди лица, Австралија и Аргентина би биле најмалку погодени

Редакција