еМагазин
Image default
Македонија

Владата забрзано ќе спроведува Законот за употреба на јазиците: Меѓуресорска група ќе подготвува акциски план

Владата на денешната 120-та седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Како што соопшти владината прес-служба, дел од обврските што ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.

Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се: Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски-Радев: Низ дијалог да дојдеме до решенија кои ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Редакција

Регистриран земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола

Редакција

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зеќири, вели Ивановска

Редакција