Призма објави дека поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ е првиот што ги почувствува поволностите што ги донесоа измените на Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик
Тој, во јуни беше осомничен во истрагата “Феникс“ дека како функционер ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“.
-Оттогаш до минатиот петок беше во куќен притвор. По предлог на обвинителот, судот му го укина ова ограничување на слободата.
Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043 година, делото целосно му застарува годинава.
A потоа, во моментот кога истрагата ќе биде запрена, Тодоровиќ, од судот може да бара да му биде исплатена отштета поради тоа што два и пол месеца неосновано бил во куќен притвор, пишува Призма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на Тинекс, Владимир Тодоровиќ во домашен притвор, не се чувствува виновен
Фото: Унсплеш