ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје, информираат од партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт. Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Од оваа влада можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања,“ се вели во соопштението.
Од таму додаваат дека со СДСМ на власт случаи ќе застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, ќе продолжи да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила судијката Елена Јосифовиќ, која пресуди за сообраќајката кај „Млечен“
Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“