Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање потпишано од 20 пратеници за свикување итна седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека денеска тие, според Деловникот, побарале итна седница на Собранието со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Согласно член 67 став 2 и член 68 став 2 од Деловникот на Собранието по барање на 20 пратеници, гоподинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева. Инсистираме тоа да биде денеска, а не како што најави Џафери за два -три дена, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Јанева, рече Мицевски.
Праша зошто СДСМ не сака да биде разрешена Катица Јанева, ако тоа е веќе констатирано од Советот за јавни обвинители и од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и дали со штитење на Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои актуелни функционери ги гони СЈО?
Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?